korab logo

виктор

 

 

 

 

 

 

 
 
Climbing pack kondura ranec

Планинарењето е спорт со кој се занимаваме во текот на целата година и во различни временски услови. Меѓутоа планинарењето со себе носи и одредени ризици, па поради тоа за безбедно планинарење потребно е да се поседува освен физичката подготвеност, и соодветна опрема.
Опремата може да ја поделиме на летна и зимска, во зависност од временските услови или висината на која се користи. Постои опрема која е неопходна за секој планинар односно лична опрема, и таа што ја користиме во група, односно заедничка.

Основната планинарска опрема содржи:
чевли,
камашни,
чорапи,
веш
пантолони,
блузи или повеќе слоеви горна облека,
јакна,
капа,
ракавици,
наочари за сонце,
сад за вода
запалка, кибрит,
челна лампа,
прва помош,
прибор за лична хигиена,
крема за сончање,
телескопски штеки,
ранец

Повеќедневното престојување во планина подразбира и камп опрема:
шатор,
вреќе за спиење
подметач (армафлекс)
примус
прибор за јадење

Специјална опрема за експедиции или планини со специфична тежина:
цепин,
дерези,
појас,
заштитна кацига,
клинови,
јаже,
дерези,
прусик,
карабини,
бајли

 

Дали некогаш сте се изгубиле и сте посакале да постои лесен начин да откриете како да се вратите назад? Дали некогаш сте пронашле совршено место за пешачка патека, а следниот пат кога сте ја побарале не сте можеле да ја најдете или не се ни сеќавате колку е долга и за колку време сте ја поминале? Сигурно барем еднаш сте прашале некого за вистинската насока за или како да се стигне до одредена локација?
Со GPS приемникот може, во принцип, во секое време да ја знаете позицијата на местото каде што се наоѓате. GPS технологијата брзо го менува начинот на кој луѓето ја наоѓаат моменталната локација на која што се, без разлика дали тоа е за забава, побрзо пристигнување на одредена позиција, или било каква друга употреба, навигацијата со GPS од ден во ден станува вообичаена потреба.
Што е GPS?
GPS е кратенка од Global Positioning System или во превод систем за глобално позиционирање. Тоа е мрежа на сателити кои континуирано пренесуваат кодирани информации, што овозможува прецизно да се утврди местоположбата на земјата.

Фајловите можете да ги отворите со GARMIN BASE CAMP и истите од таму можете со селектирање на патеката истата да ја прегледате и во GOOGLE EARTH.

ПИРИБЕГ Беловиште - Пирибег
ГОЛЕМ КРЧИН Битуше - Голем Крчин
ЉУБАНЦИ - ЦРН ВРВ (Скопска црна гора)
МАГАРО Галичица кружна
(Вакафска патека)
(Молика - Копанки - Јоргов камен - Црвени стени - Јоргов Камен - Копанки - Летниковец - Инфо Центар - Молика)

 

pocetok почеток
pocetok списание
списание опрема
списание видео
списание GPS
slika korab
facebook

artdesk